Шпанија ја започна првата официјална истрага за злоупотреба на деца во Католичката црква
- Шпанските пратеници ја одобрија првата формална истрага за сексуална злоупотреба на деца во Католичката црква во Шпанија, гласајќи за формирање експертска комисија која ќе ја води истрагата.
Текстот, кој предвидува формирање на независна комисија за истражување на „одвратните дејствија на поединци против незаштитени деца“, беше изгласан со 286 гласа „за“, 51 „против“ и два воздржани.
Досега никогаш немало формална истрага за наводни злоупотреби од страна на свештенството - ниту од шпанската влада ниту од самата шпанска црква.
Во 2018 година, весникот „Ел Паис“ започна истрага за наводите за злоупотреба и доби детали за 1.246 случаи.
Црквата во Шпанија, која призна само 220 случаи во последните 20 години, никогаш не спроведе целосна истрага, тврдејќи дека има протоколи за справување со наводите за злоупотреба.
Во декември, Ватикан започна внатрешна истрага откако „Ел Паис“ го предаде досието со 251 случај на наводна злоупотреба помеѓу 1948 и 2018 година. аа/