• вторник, 24 декември 2024

Шпанија се придружува на другите земји во протерувањето руски дипломати

Шпанија се придружува на другите земји во протерувањето руски дипломати
Мадрид, 6 април 2022 (МИА) - Шпанија е шестата земја од ЕУ која протерува руски дипломати, како реакција по наводните убиства на цивили од страна на руските сили во Украина.
Министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез изјави дека очекува Русија да одговори со протерувања шпански дипломати.
Одлуката на Мадрид да протера 25 дипломати и вработени во амбасадата на Русија следува по сличните потези на Германија, Франција, Италија, Шведска и Данска. Повеќе од 120 руски дипломати досега се протерани од земјите на Европската унија во последните денови поради меѓународната осуда за убиствата на цивили во украинскиот град Буча. Москва продолжува да негира дека нејзините војници извршиле злосторства во Украина. паг/
     

Остани поврзан