• четврток, 26 декември 2024

Шпанија првата рата од Фондот на ЕУ ќе ја добие во втората половина од годината

Шпанија првата рата од Фондот на ЕУ ќе ја добие во втората половина од годината
Мадрид, 15 април 2021 (МИА) - Шпанија ќе ја добие првата рата од Фондот за обнова на Европската Унија во втората половина на годината, изјави денеска шпанската министерка за економија Надија Калвино. - Очекуваме пакетот за спас да биде одобрен во јуни и да добиеме предфинансирање во втората половина на годината, изјави Калвино за радиото „Кадена СЕР“. Во следните неколку години, Шпанија треба да добие околу 140 милијарди евра од пакетот на ЕУ за обнова на економијата по пандемијата со Ковид-19, чија вкупна вредност е 750 милијарди евра. Нешто повеќе од половината средствата се грантови, а остатокот како кредити. ми/

Остани поврзан