• понеделник, 23 декември 2024

Шпанија е фаворит во финалето: Герет Саутгејт го префрли притисокот врз ривалите

Шпанија е фаворит во финалето: Герет Саутгејт го префрли притисокот врз ривалите

Берлин, 12 јули 2024 (МИА) - Фудбалската репрезентација на Англија ќе се сретне со Шпанија во финалето на Европското првенство, а во пресрет на тој натпревар кој е закажан за в недела на 14 јули од 21 часот на Олимпискиот стадион во Берлин, зборуваше селекторот на „Гордон Албион“ Герет Саутгејт.

Репрезентацијата на Шпанија три пати го освојуваше Европското првенство (во 1964, 2008 и 2012 година), додека Англија никогаш не се искачила на тронот. Еднаш играше во финалето, во 2021 година, кога беше поразена од Италија по изведување пенали, па во недела ќе има шанса да се „поправи“.

Затоа, селекторот на Англија, кој ќе остане на кормилото на репрезентацијата без разлика на резултатот во финалето, им дава нешто поголема предност на Шпанците во Берлин, делумно поради нивниот настап во натпреварувањето досега, а делумно и поради историјата.

-Тие со право би биле фаворити поради тоа што го направија на овој турнир. Тактички мора да бидеме совршени бидејќи тие се добар тим, подвлече Саутгејт.

Да потсетиме, Англија во полуфиналето ја совлада Холандија во трилер завршница со 2:1, додека Шпанија со истиот резултат ги победија Французите. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан