• сабота, 23 ноември 2024

Шо по тримесечна пауза се врати на теренот

Шо по тримесечна пауза се врати на теренот

Манчестер, 23 ноември 2023 (МИА) – Англискиот фудбалер и дефанзивец на Манчестер јунајтед, Лук Шо, се врати на тренинзи со првиот тим по паузата која траеше три месеци поради повреда, објави премиерлигашот од „Олд Трафорд“.

- Шо работи со првиот тим пред натпреварот во Премиер лигата против Евертон в недела, соопшти Манчестер јунајтед.

Фудбалерот ги одигра само првите два натпревара оваа сезона пред да заработи повреда на мускулите.

Откако дојде во Манчестер од Саутемптон во 2014 година, Шо одигра 71 натпревари за Јунјатед, додека дресот на англиската репрезентација го облече осум пати. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан