• четврток, 07 ноември 2024

Шојгу и Асад разговараа за намалување на тензиите во Идлиб

Шојгу и Асад разговараа за намалување на тензиите во Идлиб
Москва, 24 март 2020 (МИА) – Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во Сирија разговараше со сирискиот претседател Башар Ал Асад за имплементација на руско-турските договори со сириската Влада за намалување на тензиите во провинцијата Идлиб, во сверозападниот дел на земјата. Ова го соопшти истражувачот на Центарот за арапски и исламски студии на институтот за Ориентологија на руската академија на науките Борис Долгов кој појасни дека разговорот бил неопходен за да се отстранат разликите меѓу Турција и Русија за тоа прашање. Како што рече, во договорите не се спомнува инфилтрирањето на радикалите во умерените опозициски сили, што може да биде камен на сопнување меѓу Москва и Дамаск од една, и Москва и Анкара од друга страна. јт/

Остани поврзан