• вторник, 24 декември 2024

Шолц ја оцени како правилна политиката на Меркел кон Русија, освен енергетската зависност

Шолц ја оцени како правилна политиката на Меркел кон Русија, освен енергетската зависност
Берлин, 19 јуни 2022 (МИА) - Политиката на претходното германско раководство, која беше насочена кон мирен соживот со Русија, беше исправна, но беа направени грешки во енергетската политика. Ова го изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за ДПА, кое беше објавено денеска. - Обидот за помирување никогаш не може да биде погрешен, исто како и обидот за мирен соживот, јас сум овде на страната на мојата претходничка, истакна Шолц. - Но, грешката на нашата економска политика беше што премногу ги врзавме нашите енергетски резерви со Русија без да ја изградиме потребната инфраструктура во случај да треба брзо да го промениме курсот, рече тој. Шолц додаде дека како градоначалник на Хамбург се залагал за изградба на што е можно повеќе терминали за течен природен гас во Северното Море, но тоа никогаш не се случило. - Сега треба да надоместиме, потенцира германскиот канцелар. ссм/

Остани поврзан