• вторник, 24 декември 2024

Шолц: Смртта на Шани Лук го потврдува варварството на Хамас

Шолц: Смртта на Шани Лук го потврдува варварството на Хамас

Берлин, 30 октомври 2023 (МИА) - Смртта на германско-израелската државјанка Шани Лук, која беше киднапирана на 7 октомври од припадниците на Хамас во јужен Израел, го покажува варварството на оваа организација, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. 

„Веста за смртта на Шани Лук е страшна. Како и многу други, таа беше брутално убиена. Ова го покажува целосното варварство на членовите на Хамас кои мора да одговараат. Ова е терор и Израел има право да се брани“, напиша Шолц на социјалната мрежа Х. 

Семејството на 22-годишната германско-израелска државјанка Шани Лук, за која се веруваше дека е заложник на Хамас во Појасот Газа, е известено за нејзината смрт. Израелското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи објави дека телото на Шани Лук било пронајдено и идентификувано, а таа претходно била мачена од терористите на Хамас. 

Хамас ја киднапираше младата девојка од музички фестивал во пустината во јужен Израел,во близина на границата со Појасот Газа, на 7 октомври, заедно со околу 200 други млади луѓе кои се уште ги држи како заложници. 

Иако Лук беше прогласена за мртва, нејзиното тело не беше пренесено од Газа. Израелските медиуми објавија дека членовите на семејството добиле писмо од израелската спасувачка служба во кое се наведува дека е пронајдена и идентификувана коска од нејзиниот череп, без која лицето не може да преживее. сд/   

фото:МИА архива

Остани поврзан