• вторник, 24 декември 2024

Шолц: Путин не е добро информиран за војната, неговите служби кријат многу

Шолц: Путин не е добро информиран за војната, неговите служби кријат многу

Берлин, 1 април 2022 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази сомнеж дека претседателските советници целосно го информираат претседателот Владимир Путин за ситуацијата во Украина.

Шолц во германски политички подкаст, што ќе биде објавен в недела, нагласува дека е убеден дека „рускиот претседател не е добро информиран“ и дека „неговите служби кријат многу од него“. „На пример, колку руски војници загинале во оваа војна“, пишува Шолц.

Слична изјава даде и шефот на британската разузнавачка агенција GCHQ, кој вчера рече дека советниците на Путин се плашат да му ја кажат вистината. Слични коментари дадоа и американските власти вчера, повикувајќи се на своите разузнавачки информации.

Сепак, рече Шолц, „Кремљ треба да биде свесен за размерите на неговата погрешна проценка за Украина“.

„Путин почувствува дека е измамен од руската војска“, рече Шолц, додавајќи дека тоа предизвикало тензии меѓу лидерот на Кремљ и военото раководство.

Шолц истакна дека Русија не може да излезе како победник, без разлика како ќе заврши конфликтот. „Оваа војна не само што ја уништува Украина, туку и иднината на Русија“, рече тој, додавајќи дека без мирно решение, Русија нема да може да се врати ниту на „умерен“ економски раст. паг/

Остани поврзан