• среда, 22 јануари 2025

Шолц побара субвенции за електрични автомобили од германско производство

Шолц побара субвенции за електрични автомобили од германско производство

Магдебург, Германија, 21 јануари 2025 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ќе излезе на избори следниот месец, денеска изјави дека си поставил за цел да има субвенции за електрични автомобили произведени во Германија.

- Ова бара зелено светло од Европската комисија – најдобро би било (да се донесе) решение за цела Европа“, изјави Шолц за весникот „Фреј прес“ во источниот германски град Кемниц.

- Купувањето на електрични автомобили не може едноставно да се нареди, рече Шолц, пренесе ДПА.

Наместо тоа, електричните модели ќе треба да ги убедат потрошувачите, рече тој, но додаде дека производителите на автомобили сега нудат сè поголем опсег на возила кои се поразвиени и поевтини.

- Тоа ме прави сигурен за иднината на електричниот автомобил, рече тој.

Иако централно-левичарските Социјалдемократи (СПД) на Шолц заостануваат според анкетите пред изборите на 23 февруари, Шолц исто така рече дека не мисли дека трката е веќе решена.

- СПД веќе ги изненади сите на општите избори во 2021 година и победи. Сметам на тоа, рече тој.

Во демократија, не се анкетарите тие кои одредуваат како се управува со земјата, туку граѓаните, додаде Шолц. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан