Шолц побара почеток на преговори и силно се заложи за постигнување договор, Софија ги повтори условите за кревање на ветото
- Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера ги посети Скопје и Софија во обид да се изнајде решение за прашањето меѓу двете земји до крајот на француското претседателство. Тој силно се заложи за пос


– Тие разговори се водат на принципиелна основа на база на европски вредности. Ние во текот на преговорите со целиот свој капацитет учествува МНР, СЕП и тоа врз основа на одредбите од Резолуцијата што ја имаме донесено во нашето Собрание. Во однос на самите преговори јас веќе истакнав досега дека кога се работи за преговори тогаш еден од предусловите преговорите да бидат успешни се страните што преговараат да бидат доверливи во процесот, односно да сакаат да се дојде до решение. Ние сме страната која што сака да се дојде до решение, ги кажав принципите врз основа на кои. Исто така и Бугарија треба да биде подготвена тоа да го направи, рече Ковачевски.
Меѓутоа, додаде Ковачевски, постои една голема разлика помеѓу нас и Бугарија и ова прашање за нас, рече тој, беше прашање на преговори заради отпочнување на преговори со ЕУ.
– Ние во ниту еден момент како Влада и како владејачко коалиција прашање не го инструментализиравме и не го политизиравме заради дневни политички поени или водење на внатрешна политика во државата. Сосема спротивно на тоа во Бугарија ова прашање беше издигнато на ниво на внатрешна политика во нивната држава. Често пати беше еднострано инструментализирано и политизирано што не е добро. И затоа од тој аспект не би сакал да ги коментирам претпоставките што се појавуваа во медиумите за одредени барања на бугарската страна со оглед на тоа дека сите барања, сите отворени прашања се предмет на разговори помеѓу МНР, нагласи Ковачевски.

Премиерот повтори дека откако МНР ќе дојде до документ што е заемно прифатлив за двете страни тогаш ќе може да бидат споделени тие документи со институциите во двете држави и оти во овој момент таков заемно прифатлив документ не постои.
Ковачевски, на прес-конференцијата со Шолц уште еднаш се заблагодари на поддршката од Германија за отпочнување на преговорите со ЕУ. – Триесет години досега Сојузна Република Германија го докажа своето пријателство со нашата држава. Во текот на тие 30 години Северна Македонија донесе голем број тешки одлуки, голем број реформи и секогаш со нас и до нас беше и германската држава, германската администрација и канцеларот на Германија, така е и денес. И тој ја пренесе недвосмислената поддршка на Германија за европската интеграција на Република Северна Македонија и тоа час поскоро, заклучи премиерот Ковачевски. Ковачевски и Шолц претходно имаа тет-а-тет средба на која беше истакнато дека во пресрет на јунскиот самит на ЕУ под претседателство на Франција, од Брисел се очекува јасна порака и чекор за деблокирање на процесот за проширување со почеток на преговорите за Северна Македонија, како земја којашто ги исполни сите критериуми и услови, и како стратешка одлука од безбедносно значење за Европа. Шолц вчера за време на посетата на Софија изјави дека силно поддржува постигнување договор за започнување преговори за присоединување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија. Германија, истакна Шолц, разбира дека не е лесно да се надминат историските разлики меѓу соседните држави, но нејзиното искуство покажува дека е добро за сите кога ќе се надмине недовербата и ќе се изградат пријателски односи со соседите. – Сметам дека има шанса да се постигне напредок. Ќе ја продолжиме дискусијата и размената меѓу нас до крајот на француското претседателство и се надевам дека ќе постигнеме напредок. Јас сум убеден дека заедно ние Европејците, носиме одговорност за ЕУ и за стабилноста на Балканот. Важно е да го искористиме процесот на проширување, рече Шолц на заедничката прес-конференција со Кирил Петков. Петков, од своја страна, изјави дека дека Бугарија и Германија секогаш гледале на Западниот Балкан во насока на нивно присоединување кон ЕУ.
