• недела, 15 декември 2024

Шолц и Макрон: Подготвени сме за соработка со новите власти во Сирија

Шолц и Макрон: Подготвени сме за соработка со новите власти во Сирија

Берлин, 10 декември 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон изразија подготвеност за соработка со новите власти во Сирија, под одредени услови, по соборувањето на Башар ал-Асад, соопшти германската влада по нивниот телефонски разговор.

Лидерите ги поздравија промените, опишувајќи ги како чекор кон подобра иднина за сирискиот народ. Тие се согласија дека соработката ќе зависи од почитување на човековите права и заштита на малцинствата.

Изјавата доаѓа во момент кога глобалните влади бараат нови начини на соработка со сириските опозициски групи, вклучувајќи ја и Хаџат Тахрир ал-Шам, претходно поврзана со Ал Каеда. ссм/

фото: архива

Остани поврзан