• сабота, 23 ноември 2024

Шок на ЕУРО 2020: Ериксен колабираше на терен, докторите го оживуваат

Шок на ЕУРО 2020: Ериксен колабираше на терен, докторите го оживуваат
Копенхаген, 12 јуни 2021 (МИА) - Во последните моменти од првото полувреме на натпреварот меѓу Данска и Финска на Европското првенство, играчот за врска на данската репрезентација Кристијан Ериксен (29) вечерва колабираше на теренот, а лекарската служба итно почна со реанимација. Ериксен падна на теренот без дуел игра по што лекарите веднаш се стрчаа кон него на теренот. Данските и финските репрезентативци и навивачите на стадионот во Копенхаген останаа во шок. Играчите на теренот направија жив штити околу телото на Ериксен за да спречат камерите да снимаат што се случува, но од кадрите можеше да се забележи дека лекарите се обидуваат да го реанимираат данскиот фудбалер. Ериксен на носилки беше изнесен од теренот, а натпреварот е во прекин. ег/цр

Остани поврзан