• четврток, 30 јануари 2025

Шмихал: Само притисок врз агресорот може да стави крај на војната во Украина

Шмихал: Само притисок врз агресорот може да стави крај на војната во Украина

Загреб, 30 јануари 2025 (МИА) – Украинскиот премиер Денис Шмихал за време на посетата на Загреб изјави дека официјален Киев сака војната да престане, но дека одлуката не е нивна и оти верува дека Доналд Трамп ќе го искористи целосното влијание на САД преку санкции и дипломатски притисок врз Владимир Путин.

Шмихал во интервју за ХРТ рече дека Украина платила огромна цена во однос на бројот на загинати цивили.

- Украина се бори, оваа борба трае веќе три години, ние ги одвраќаме Русите и во тој процес изгубивме повеќе од 12.000 цивили, околу 600 деца, а нашата инфраструктура е оштетена, рече Шмихал.

Тој додаде дека украинската енергетска инфраструктура е оштетена и оти Украина, како што рече, „трпи напади на дневна основа“.

Тој вели дека поддршката од партнерите како Хрватска им овозможува да се борат и им се заблагодари на хрватската влада и парламент за тоа.

- Никој не сака мир како Украина. Ние сакаме војната да престане што е можно поскоро, но одлуката не е наша. Русија е агресор, Русија не нападна нас и само Русите можат да ја запрат оваа војна. Владимир Путин во моментов нема причина да ја запре војната. Само откако преку заеднички притисок и преку санкции ќе ги зајакнеме одбранбените сили на Украина, можеме да ја запреме војната, рече украинскиот премиер, кој вчера беше во Загреб каде домаќин му беше неговиот хрватски колега. Андреј Пленковиќ.

Зборувајќи за улогата на САД во постигнувањето мир, украинскиот премиер истакна дека политиката на Доналд Трамп за „мир преку сила“ е во согласност со украинските принципи.

- Доналд Трамп, американскиот претседател, е силен лидер. Неговиот пристап на „мир преку сила“ е во согласност со нашите принципи. Без притисок врз агресорот, тоа ќе биде невозможно. Целиот притисок мора да биде насочен кон агресорот, рече Шмихаи и изразу верување дека Трамп ќе го искористи целосното влијание на САД преку санкции и дипломатски притисок врз Путин и ќе го доведе на преговарачка маса.

- Во моментов Украина нема директна комуникација со тимот на претседателот Трамп, но верувам дека тоа ќе се промени, рече Шмихал.

Тој, исто така, се осврна на улогата на Европската унија во одржувањето на макроекономската стабилност на Украина и истакна дека Украина во иднина може да биде столб на европската безбедност.

- Украина ја штити својата територија, но ние ги штитиме и источните граници на Европската унија. ЕУ одигра клучна улога во обезбедувањето финансиска и воена поддршка за време на оваа војна. Средствата обезбедени од Европската комисија ни помогнаа да обезбедиме макроекономска стабилност. Тоа ни овозможува да ја одвратиме руската агресија на бојното поле, рече украинскиот премиер. јт/

Фото: Шмихал на Х

Остани поврзан