Шкрињар кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче
- Дефанзивецот на ПСЖ, Милан Шкриниар е блиску до потпишување договор со Фенербахче, објави новинарот Фабрицио Романо.
Милано, 28 јануари 2025 (МИА) - Дефанзивецот на ПСЖ, Милан Шкриниар е блиску до потпишување договор со Фенербахче, објави новинарот Фабрицио Романо.
Според Романо, страните се договориле да го изнајмат 29-годишниот Словак до крајот на сезоната.
Актуелниот договор на играчот со парискиот клуб е до 2028 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 15 милиони евра.
Оваа сезона Шкрињар настапи на само пет натпревари за парискиот тим и нема постигнато ниту еден гол. зс/
Фото: ЕПА