• петок, 05 декември 2025

Шкотскиот тинејџер Доак од Ливерпул во Борнмут за 29 милиони евра

Шкотскиот тинејџер Доак од Ливерпул во Борнмут за 29 милиони евра

 

Лондон, 18 август 2025 (МИА) – Шкотскиот крилен напаѓач Бен Доак (19) ќе го напушти Ливерпул и ќе ја продолжи кариерата во Борнмут, кој за него ќе плати отштета во износ од 29 милиони евра, јавија денеска британските медиуми.

Доак ја напушти младинската академија на Селтик во 2022 година на 17 годишна возраст и се пресели во фудбалската академија на Ливерпул, но во сениорска конкуренција одигра само десет натпревари за тимот од Енфилд Роуд.

Минатата сезона беше позајмен во второлигашкиот Мидлзбро и постигна три голови, додавајќи седум асистенции.

Лидс и Порто, исто така, покажаа интерес за Доак, но Борнмут беше најконкретен во понудата. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан