• недела, 22 декември 2024

Шкендија ја мина втората пречка во Конференциската лига

Шкендија ја мина втората пречка во Конференциската лига
Скопје, 28 јули 2022 (МИА) – Фудбалерите на Шкендија обезбедија пласман во 3. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига, откако вечерва во реваншот во Скопје ја совладаа Валмиера со 3-1 (2-1) и со вкупен резултат од 5-2 го елиминираа противникот од Летонија. Шкендија поведе со голот на Бејтулаи во 11 минута, а Дориев го врати водството во 33 минута, откако осум минути претходно Валмиера го израмни резултатот преку Мурата. Конечниот резултат го постави Рамадани во 85 минута. Противник на Шкендија во 3. квалификациско коло ќе биде шведски АИК, кој со вкупен резултат 4-3 ја елиминираше Ворскла од Украина. Натпреварите од 3. квалификациско коло се на програмата на 4 и 11 август. ег/свс/

Остани поврзан