• среда, 27 ноември 2024

Широките фармерки се враќаат во мода

Широките фармерки се враќаат во мода
Лос Анџелес, 29 јануари 2021 (МИА) - „Леви’с“ за оваа 2021 година го најави враќањето на широкиот дизајн на фармерките, што значи дека тесните модели што ги обележаа претходните години, полека заминуваат во историјата. Според компанијата, потрошувачите денес сакаат што поудобна облека и затоа е време за ретро-мода, како што најави извршниот директор Чип Берг. - Мислам дека ние, некако, ја предводиме оваа индустрија, кога станува збор за овој тренд. Новите фармерки се многу „пошироки" од фармерките од минатата сезона. Овие модели се веќе во нашите продавници и се достапни и за мажи и за жени, рече Чип. Покрај „Леви’с“, новите модни трендови ги препознаа и други компании, како што е „Џеј-ен-си-оу“ од Лос Анџелес, која повторно ги лансираше своите познати модели фармерки особено популарни во 1990-тите... - Иако пандемијата на коронавирусот негативно влијаеше на работата на многу брендови, продажбата на овие модели на фармерки порасна. Фармерките со широки ногавици имаат култен статус и - удобни се. А, тоа е она што луѓето во мигов го бараат, изјави Камила Рева, потпретседателка на компанијата. Пандемијата се уште има своја трага во продажбата кај повеќето компании, на пр. „Леви’с“, чија продажба падна за 12 насто во последното тримесечје од 2020 година, што исто така, предизвика и пад на акциите на фирмата.  си/сд/

Остани поврзан