• сабота, 23 ноември 2024

Шилегов: Паднаа маските, а не мнозинството во советот

Шилегов: Паднаа маските, а не мнозинството во советот
Скопје, 29 октомври 2021  Маските паднаа, а не мнозинството во Советот на Град Скопје, смета кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, по вчерашната објава на опозицискиот блок дека советниците на Левица, Алијанса и Алтернатива се приклучиле на оние од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. – ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат коалиција меѓу себе, но не и мнозинство. И тоа е добро, конечно го покажаа вистинското лице, а приказната на Левица се руши како кула од карти. Таа партија е само приврзок на ВМРО-ДПМНЕ и ништо повеќе. Нивната наводна борба за правда, правдина, човекови права е само лоша маска која падна и граѓаните конечно може јасно да видат кои се вистинските мотиви за нивното делување. Тоа би требало да се вика коалиција на „големата лага“ која, за среќа, нема да може да направи мнозинство и тоа веќе е демантирано вчера од Гаши, вели Шилегов за Независен весник. Изборен штаб на Петре Шилегов _________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан