• сабота, 23 ноември 2024

Шилегов: Младите имаат визија за развој на младински политики

Шилегов: Младите имаат визија за развој на младински политики
Скопје, 2 септември 2021 (МИА) – Градоначалникот Петре Шилегов денеска имаше средба со претставници на младински организации со кои разговараше за приоритетите и потребите на младите од Скопје. Тој изрази задоволство од досегашната соработка со некои од здруженијата и најави зголемена поддршка за младинските активности во иднина. - Изминативе речиси четири години променивме многу нешта во начинот на кој функционира градот и уште многу ќе менуваме, особено во делот на младинските политики. Во 2018 година кога за првпат го распишавме јавниот повик за финансирање програми, проекти, активности и манифестации за младите од интерес на Град Скопје беа доделени 1.000.000 денари за финансирање на 16 здруженија кои учествуваа на овој повик со квалитетни проекти. Затоа, во 2019 година ги зголемивме средствата за овој повик на 1.781.000 денари кои беа распределени на 24 здруженија, вели градоначалникот Шилегов. Додава дека Советот на Град Скопје изгласал одлука за промена на статутот на Градот за да се создаде правен основ за формирање на локален младински совет кој е од исклучително значење за градските младински политики. Како што информираат од Град Скопје, градоначалникот се осврнал на неколку значајни активности и реализирани проекти што се особено атрактивни и популарни меѓу младите. -Тоа се двата памптрак полигона, нагорната патека на Водно за спортски велосипедизам (прва од трите планирани), тартан патеката во Градскиот парк, одбојкарското игралиште на кејот во Аеродром, редизајнот на 5 зелени скверови и двата зелени покриви - на објектот на ГТЦ и на Домот на градежници, се наведува во соопштението. Средбата се одржа во МладиХаб, во Канцеларијата на претседателот на Република Северна Македонија.свс/са/

Остани поврзан