Шејн Ларкин прогласен за МВП на 28. коло
- Организаторот на играта на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин е прогласен за најкорисен играч на 28. коло во кошаркарската Евролига.

Истанбул, 7 март 2020 (МИА) - Организаторот на играта на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин е прогласен за најкорисен играч на 28. коло во кошаркарската Евролига.
Американецот против Олимпијакос уфрли 40 поени кон кои додаде пет асистенции и по три скока и „украдени топки“ за индекс на корисност од 44.
Ларкин е прв играч во историјата на Евролигата кој успеа да постигне најмалку 40 коша во два меча едноподруго. Ова МВП признание е шест за него во оваа сезона што, исто така, претставува рекорд. сѓд/