• петок, 08 ноември 2024

Шешко за неколку дена ќе одлучи за својата иднина, Арсенал, Јунајтед и Челси во исчекување

Шешко за неколку дена ќе одлучи за својата иднина,  Арсенал, Јунајтед и Челси во исчекување

Лондон, 5 јуни 2024 (МИА) - Словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко ќе земе дополнителни неколку дена за да донесе конечна одлука за својата иднина, информираше специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо.

Многу медиуми во последните денови објавија дека Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челси имаат сериозен интерес за играчот и веќе одржале состаноци со неговите претставници, на кои им ги презентирале своите проекти.

Самиот Шешко одби крајно примамлива понуда од Саудиска Арабија со импресивна плата од 30 милиони евра годишно. Напаѓачот имаше добра сезона со својот сегашен тим РБ Лајпциг, каде на 42 натпревари постигна 18 гола.

Германскиот тим, исто така, сака да го задржи играчот и веќе испрати понуда за нов договор.

Шешко моментално е дел од репрезентацијата на Словенија која ќе настапи на претстојното Европско првенство. дс

Фото: Фејсбук

Остани поврзан