• четврток, 05 септември 2024

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан утре во Скопје

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан утре во Скопје

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски утре ќе биде домаќин на Хакан Фидан, министер за надворешни работи на Република Турција, кој доаѓа во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што најавија од МНР, министрите Муцунски и Фидан ќе имаат тет-а-тет средба, а во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните политички односи, зајакнување на економската соработка и искористување на инвестициските можности, како и унапредување на соработката и во други области од заемен интерес. цр/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан