• вторник, 24 декември 2024

Шефот на сингапурскиот кризен штаб се расплака во Парламентот

Шефот на сингапурскиот кризен штаб се расплака во Парламентот
Сингапур, 25 март 2020 (МИА) - Министерот за развој и шеф на сингапурскиот кризен штаб Лоренс Вонг вчера се расплака во Парламентот додека им заблагодаруваше на здраствените работници и другите за нивните напори во борбата против епидемијата со новиот коронавирус. - Зборовите не се доволни, изјави Вонг и почна да плаче. Сингапур со Ковид-19 се бори повеќе од два месеци и во изминатите денови бележи раст на „увезените“ случаи односно на заразени лица кои се враќаат во земјата. Според најновите податоци во Сингапур со новиот коронавирус инфицирани се 559 лица, од кои две починале. ми/

Остани поврзан