• сабота, 23 ноември 2024

Шефот на Ред Бул: Хамилтон со Ферари ќе биде претендент за титулата

Шефот на Ред Бул: Хамилтон со Ферари ќе биде претендент за титулата

Маранело, 13 ноември 2024 (МИА) - Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, предвидува дека Луис Хамилтон ќе се бори за светската титула во Формула 1 во 2025 година со болидот на Ферари.

Британецот го најави своето изненадувачко заминување од Мерцедес во Ферари во февруари, само неколку месеци откако го продолжи договорот со Мерцедес на една година.

Преселбата на Хамилтон во Ферари е најголемиот трансфер во Формула 1 од 2012 година кога од Мекларен премина во Мерцедес.

Тимот од Италија оваа сезона покажува подобра форма под водство на Фредерик Васер, што дополнително ги зголемува очекувањата од доаѓањето на Хамилтон.

Хорнер верува дека преселбата на Хамилтон во Ферари ќе биде предизвик, но тој верува во неговите способности.

-Тој доаѓа од средина во која помина повеќе од десет години, така што ова сигурно ќе биде голема промена за него. Но, Ферари изгледа во добра форма и возач како Луис е секогаш претендент за титулата, изјави Хорнер.

Шампионатот во Формула 1 продолжува со трка во Лас Вегас следниот викенд (20-22 ноември). дс

Фото: Архива

Остани поврзан