Шефот на НАТО уверен дека расправијата во врска со Ормутската Теснина може да се реши
- Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изрази оптимизам дека расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и европските сојузници во врска со Ормуската Теснина може да се реши.
Брисел, 19 март 2026 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изрази оптимизам дека расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и европските сојузници во врска со Ормуската Теснина може да се реши.
„Уверен сум дека сојузниците, како и секогаш, ќе сторат сè во поддршка на нашите заеднички интереси“, рече Руте денеска. „Ќе најдеме пат напред“.
Во неделата Трамп посочи дека НАТО може да има „многу лоша“ иднина ако сојузниците не помогнат да се обезбеди безбеден премин за комерцијален бродски превоз низ Теснината. Сепак, европските сојузници бргу ја отфрлија можноста за учество во потенцијална воена операција за обезбедување испораки на гориво.
Ормуската Теснина, главна бродска рута и единствениот пат од Заливот до отворено море, е ефикасно блокиран од Иран како одмазда за воздушните напади на САД и Израел. Блокадата предизвика скок на цените.
„Сите се согласуваат дека оваа Теснина не може да остане затворена. Мора повторно да се отвори што е можно побргу“, изјави Руте пред новинарите во Брисел. „Ова е клучно за светската економија.“ мс/
фото: ДПА