• сабота, 31 август 2024

Шефот на кинеската дипломатија рече дека односите меѓу Пекинг и Вашингтон мора да се стабилизираат

Шефот на кинеската дипломатија рече дека односите меѓу Пекинг и Вашингтон мора да се стабилизираат

Пекинг, 8 мај 2023 (МИА) - Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг изјави дека односите меѓу Пекинг и Вашингтон мора да се стабилизираат за да се избегне спирално влошување и да се спречат инциденти меѓу двете земји.

Во соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи се посочува дека Чин за време на состанокот со американскиот амбасадор во Кина истакнал дека САД треба да ги коригираат своите постапки поврзани со Тајван и да престанат да го поткопуваат принципот на една Кина. ссм/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан