• вторник, 24 декември 2024

Шефот на кабинетот на Болсонар позитивен на Ковид-19

Шефот на кабинетот на Болсонар позитивен на Ковид-19
Бразилија, 3 август 2020 (МИА) - Шефот на кабинетот на бразилскиот претседател Жаир Болсонар, генералот Валтер Брага Нето, е позитивен на коронавирусот, соопшти денеска неговата канцеларија. Тој е седми од 23 бразилски министри, кој е позитивен на коронавирусот од почетокот на пандемијата, јави Си-Ен-Ен. Според соопштението од неговата канцеларија, министерот е добро, асимптоматски е и од денеска ќе работи од дома. Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро на почетокто на јули беѓше позитивен на тест за ковид-19, но откако на 25 јули неговиот тест беше негативен, тој излезе од изолација и се врати на своите активности. јт/

Остани поврзан