• петок, 04 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шефот на израелската дипломатија ја заврши посетата на Обединетите Арапски Емирати

Шефот на израелската дипломатија ја заврши посетата на Обединетите Арапски Емирати

Дубаи, 7 април 2025 (МИА) – Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар ги посети Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) каде разговараше за ситуацијата во Појасот Газа со неговиот колега Абдула бин Зајед Ал Нахјан, соопшти синоќа владата на ОАЕ.

ОАЕ и Израел формално воспоставија дипломатски односи во 2020 година, но реципрочните посети на високо ниво не беа чести, особено од почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година.

За време на средбата во Абу Даби, двајцата министри разговараа за „влошувањето на хуманитарната криза во Појасот Газа“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на ОАЕ.

- Двете страни разговараа за регионалните и меѓународните напори за обновување на договорот за прекин на огнот, воспоставување прекин на огнот и обезбедување ослободување на заложниците, се додава во соопштението.

По посетата, Сар на Х напиша дека на Блискиот Исток има „партнери за подобра иднина на соработка и стабилност“. јт/

Остани поврзан