• понеделник, 23 декември 2024

Шефот на дипломатијата Османи на министерски состанок на ПСЈЕ во Солун

Шефот на дипломатијата Османи на министерски состанок на ПСЈЕ во Солун
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре на 10 јуни 2022 година ќе учествува на Состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа во Солун, по што ќе следи самитот на ниво на шефови на држави или влади. Како што соопшти МНР, на министерскиот состанок ќе се разговара за статусот на регионалната соработка како и влијанието на моменталните меѓународни случувања врз динамиката во регионот на Југоисточна Европа. Истовремено, министрите за надворешни работи ќе ја одобрат заедничката декларација на самитот како и годишниот извештај на Советот за регионална соработка, се додава во соопштението. На маргините на состанокот на предвидено е министерот Османи да оствари бројни билатерални средби со свои колеги од земјите во регионот. сп/

Остани поврзан