• недела, 06 октомври 2024

Шефот на австриската дипломатија во посета на Северна Македонија

Шефот на австриската дипломатија во посета на Северна Македонија
Скопје, 10 мај 2022 (МИА)Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија. Покрај средбата со Османи, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со други високи државни и политички претставници од земјава.  

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите на Османи и Шаленберг ќе биде евроинтеграцискиот процес на нашата земја, состојбите во регионот, како и билатералната соработка со акцент на економијата.

Соговорниците ќе се осврнат и на политичко-економските реперкусии врз Европа, како последица на руската инвазија на Украина, како и на мултилатералната соработка, со акцент на претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. нд/лв/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан