• сабота, 23 ноември 2024

Шефицата на словенечката дипломатија Фајон утре во Скопје

Шефицата на словенечката дипломатија Фајон утре во Скопје

Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Шефот на дипломатијата Бујар Османи утре ќе биде домаќин на словенечката вицепремиерка и министерка за надворешни работи Тања Фајон, која ќе престојува во официјална посета на земјава.

Како што соопшти МНР, покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и соработката во рамките на НАТО, како и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ. Во рамки на нејзиниот престој во Скопје, Фајон се очекува да се сретне и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, со претседателот на Собрание на Република Северна Македонија, Талат Џафери, како и со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. нд/сп/

Остани поврзан