• понеделник, 23 декември 2024

Шефицата на косовската дипломатија објави дека Тајланд ги укина визите за Косово

Шефицата на косовската дипломатија објави дека Тајланд ги укина визите за Косово

Приштина, 16 јули 2024 (МИА) – Министерката за надворешни работи, труд и дијаспора (МПЈД) на Косово, Доника Грвала вечерва соопшти дека Тајланд ги укина визите за граѓаните на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на нејзината страница на социјалната мрежа Фејсбук, Грвала напиша дека „ова е уште еден чекор во јакнењето на пасошот“Република Косово.

- Од денеска граѓаните на Република Косово можат да патуваат во Тајланд без визи. Ова е уште еден чекор во јакнењето на пасошот на нашата Република и меѓународниот субјективитет на Косово, напиша Доника Гервала.

Според Грвала, ова достигнување ја одразува континуирана посветеност на косовската влада за проширување на меѓународните можности и зајакнување на дипломатските врски со земјите ширум светот. иа/ссм/

 
 
 

 

Остани поврзан