• среда, 24 јули 2024

Шест лица загинаа при уривање на зграда во Мумбај

Шест лица загинаа при уривање на зграда во Мумбај
Мумбај, 17 јули 2020 (МИА) - Шест лица загинаа, а неколкумина се повредни при уривање на шесткатна зграда во Мумбај, како последица од поројните дождови. Во зградата, која и пред уривањето била во многу лоша состојба, живееле пет или шест семејства, на кои претходно им било советувано да се евакуираат. - Не е исклучена ниту опасност од нови уривања, истакна шеф на пожарникарска служба. Поради поројните дождови во тој дел на Индија е издадено црвено предупредување за Мумбај и околината. гт/

Остани поврзан