• вторник, 24 декември 2024

Шест загинати во руското бомбардирање на Херсонскиот, Доњецкиот и Харковскиот регион

Шест загинати во руското бомбардирање на Херсонскиот, Доњецкиот и Харковскиот регион

Киев, 15 октомври 2023 (МИА) - Шест лица загинаа во последните 24 часа во руското бомбардирање на Херсонскиот, Доњецкиот и Харковскиот регион во Украина, соопштија денеска локалните власти. 

Две лица загинаа, а тројца се ранети во Херсон, откако повеќе од 100 гранати ја погодија областа во текот на викендот, изјави локалниот гувернер Олександр Прокудин.

-Две наведувани бомби ја погодија клучната инфраструктура во градот Херсон, што предизвика делумен прекин на електричната енергија и прекин на снабдувањето со вода во областа, изјави шефот на градската воена управа Роман Мрочко.

Локалните власти соопштија дека уште две лица се убиени во регионот на Доњецк, а една постара двојка е убиена во воздушен напад што го уништил нивниот дом во регионот Харков.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските сили ноќеска лансирале 27 беспилотни летала во нападите врз западна Русија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан