• понеделник, 23 декември 2024

Шест деца во Јужна Африка починаа од труење со пестициди

Шест деца во Јужна Африка починаа од труење со пестициди

Кејптаун, 28 октомври 2024 (МИА) - Шест деца кои починаа во Јужна Африка претходно овој месец проголтале пестицид, покажаа токсиколошките анализи, изјави денеска јужноафриканскиот министер за здравство Арон Мокоаледи.

Според него, врз основа на досегашните сознанија, децата јаделе храна од локална неформална продавница каде се користел пестицид за убивање стаорци, кој им се продавал и на жителите за истатата намена.

Локалните медиуми објавија дека децата починале откако јаделе грицки купени во неформална продавница, т.н. спаза шоп, во градот Совето во близина на Јоханесбург. паг/

 

 

Остани поврзан