• среда, 25 декември 2024

Шестото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање Skopje on Ice 2022

Шестото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање Skopje on Ice 2022
Скопје, 18 февруари 2022 (МИА) - Вкупно 55 натпреварувачи, поделени во десет категории, од кои осум во женска и две во машка конкуренција ќе настапат на шестото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање Skopje on Ice 2022, што денеска и утре се одржува на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Северна Македонија. На настанот, како што информираат организаторите, ќе има и гости од Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Тој се се одржува на отворено и во согласност со сите протоколи за заштита од корона вирусот, а влезот на двата натпреварувачки дена е слободен. Претседателка на Федерацијата, Цветанка Макаровска, посочува дека уметничкото лизгање е млад спорт во нашата земја, но интензивно се развива. - Нашите спортисти имаат сè подобри резултати, а оваа година имаме огромен интерес за нашата школа за уметничко лизгање, па така педесетина деца зимава ги направија првите чекори на мразот, вели Макарвоска. Skopje on Ice 2022 започнува денеска во 19:00 часот со настап на четири категории, две натпреварувачки и две интерпретативни. Настанот продолжува утре во 8:00 часот со останатите шест категории. Најинтересно за посетителите, како што посочуваат организатроите, ќе биде во периодот од 10:30 до 13:00 часот, кога своите вештини на мразот ќе ги презентираат натпреварувачите во категориите кои се признати од Меѓународната лизгачка федерација (ISU) и во кои се бираат државни прваци. аа/са/

Остани поврзан