• четврток, 26 декември 2024

Шеста жртва на коронавирус во Италија

Шеста жртва на коронавирус во Италија
Рим, 24 февруари 2020 (МИА) - Во Италија е регистриран шестиот смртен случај од коронавирус, а станува збор за жена која боледувала од канцер. Таа вчера е префрлена во болница во Бреша, вториот по големина град во областа Ломбардија, каде било утврдено дека е заразена со новиот коронавирус. Тоа е петта жртва во областа Ломбардија, а едно лице почина во областа Венето. Шефот на државната служба за цивилна заштита Анџело Борели изјави денеска дека 219 лица во Италија се заразени со Ковид-19. гт/

Остани поврзан