• вторник, 27 август 2024

Шеснаесет рудари загинаа во сообраќајна несреќа во Авганистан

Шеснаесет рудари загинаа во сообраќајна несреќа во Авганистан

Исламабад, 15 март 2023 (МИА) - Најмалку 16 рудари од рудник за злато загинаа, а седуммина се повредени во сообраќајна несреќа во северен Авганистан, соопштија денеска локалните власти.

Инцидентот се случил во областа Чах Аб во провинцијата Тахар, изјави портпаролот на полицијата Абдул Мобин Сафи. Тој додаде дека жртвите биле на пат кон нивното работно место, превезувајќи се со пикап, јави ДПА.

Шефот на Одделот за информации и култура на провинцијата, Забихулах Ансари, изјави за ДПА дека нивното возило излетало од патот и се превртело поради невнимателноста на возачот.

Некои од повредените се во критична состојба.

Илјадници луѓе годишно умираат во Авганистан поради лошите услови на патиштата, ограниченото одржување на возилата и несовесното возење. ссм/

Остани поврзан