• вторник, 24 декември 2024

Шерон Стоун: „Џо Роган ризикува човечки животи со својот идиотизам“

Шерон Стоун: „Џо Роган ризикува човечки животи со својот идиотизам“
Лос Анџелес, 2 февруари 2022 (МИА) - Американската глумица Шерон Стоун го нападна шоуменот Џо Роган дека „ги ризикува животите на луѓето со својот идиотизам“. Ова е дел од полемиката за познатиот и сега веќе прилично контроверзен радиоводител последниве денови. - Ковидот не е прашање на мислења, а г-н Роган мисли дека неговото мнение е во прилог на одрекувањето од одговорност за животите што тој лично ги погодил и предизвикал загуби... Заразните болести се наука која се заснова на факти, така што преправањето дека тоа се мислења е опасно!, изјави Стоун за ТМЗ. „Спотифај“ беше критикуван за ставовите на својот водител Џо Роган, кој е против корона-вакцинација кај младите и препорачува употреба на недокажаниот антипаразитски лек „Ивермектин“ како лек за коронавирусот. - Тој мора да издаде демант во кој ќе наведе дека е „ш**ак“ и дека неговото однесување е опасно и влијае на животот и смртта на луѓето!, додаде Стоун. И други познати личности, како музичарите Нил Јанг и Џони Мичел го критикуваа Роган и ја повлекоа својата музика од стрим-сервисот „Спотифај“ во знак на протест. Платформата што му плаќа на Роган 100 милиони долари за неговата интернет-емисија, беше критикувана „за неуспехот да ги ублажи потенцијално опасните дезинформации“. Како одговор на критиките, „Спотифај“ додаде предупредувања за спорни вести кон содржината.  си/сд/

Остани поврзан