• вторник, 24 декември 2024

Шерон Озборн проговори за болеста на Ози

Шерон Озборн проговори за болеста на Ози

Лос Анџелес, 6 октомври 2022 (МИА) - Шерон Озборн искрено проговори за здравствените битки на својот сопруг Ози, односно - како Паркинсоновата болест на рокерот влијаеле врз семејството, откако ја открило неговата дијагноза откриена пред две години.

- Се потсетувам на мојот сопруг, кој беше енергичен, сакаше да излегува на прошетки, правеше двочасовно шоу на сцената секоја вечер, трчајќи наоколу како „луд човек“... Одеднаш, вашиот живот, просто, застанува, вели Шерон во новиот документарец „Прилагодувајќи се на Паркинсон“. Таа натаму додаде дека е тажна за својот сопруг. - Моето срце се кине за него. Тажна сум и за себе што го гледам вака, но она низ што тој минува е полошо, изјави таа. Во јануари 2020 година, Ози - заедно со неговата сопруга и двете од нивните деца Кели (37) и Џек (36), на емисијата „Добро утро Америка“ ја соопштија веста за неговата болест.  си/

Остани поврзан