Шерифовски експресно поразен од Бразилецот Шмит
- Третиот Македонец кој настапи на Олимпијадата во Париз, Еди Шерифовски не успеа да го помине првото коло на турнирот во Џудо.
Париз, 30 јули 2024 (МИА) – Третиот Македонец кој настапи на Олимпијадата во Париз, Еди Шерифовски не успеа да го помине првото коло на турнирот во Џудо.
Дваесет и двегодишниот Шерифовски претпладнево во категоријата - 81 килограм загуби со ипон (11:0) од Бразилецот Гилерме Шмит.
Претходно своите настапи на Игрите во Париз ги завршија и Никола Ѓуретановиќ во пливање и Мојсовска во стрелаштво.
Од македонските натпреварувачи, до крајот на Олимпијадата треба да се појават уште и: Милијана Релјиќ (таеквондо), Владимир Егоров (борње слободен стил) и Дарио Ивановски (атлетика, маратон). зс/
Фото: ЕПА