• среда, 18 декември 2024

Шенџен целосно покриен со 5-Г мрежа

Шенџен целосно покриен со 5-Г мрежа
Шенџен, 19 август 2020 (МИА) - Градот Шенџен во јужна Кина е првиот во земјата што е целосно покриен со независно 5-Г вмрежување, изјави градоначалникот Чен Жугуи. Според него, градот ја завршил својата зацртана цел од 2019 година, а тоа е изградба на 45.000 базни станици за 5-Г до крајот на август 2020 година. Со тоа е постигнато целосно обезбедување на градска 5-Г мрежа. Шенџен сега има над 46.000 5-Г базни станици. Следниот чекор е да се поттикне развојот на 5-Г индустријата и развој на технологијата на екосистемот предвиден со тоа. Овој технолошки центар во кинеската провинција Гуангдонг е дом на поголема група нови, но и веќе разработени кинески технолошки компании, меѓу кои и Хуавеј и Тенсент.  си/сд/

Тагови

Остани поврзан