Шенгелија треба да дебитира оваа сезона против Реал Мадрид
- Кошаркарот на Виртус, Торнике Шенгелија закрепна од повредата на рамото и е подготвен да дебитира во сезоната 2022/23.
Болоња, 25 октомври 2022 (МИА) – Кошаркарот на Виртус, Торнике Шенгелија закрепна од повредата на рамото и е подготвен да дебитира во сезоната 2022/23.
Шенгелија се очекува да настапи на натпреварот од Евролигата против Реал Мадрид в четврток.
Во август, Шенгелија го повреди рамото на натпревар за грузиската репрезентација, поради што го пропушти Евробаскет 2022 година и почетокот на клупската сезона.
Во тековната сезона во Евролигата, Виртус на првите четири натпревари забележа три порази и само една победа. зс/