• четврток, 25 јули 2024

Шекил О'Нил незадоволен од големата разлика во платите меѓу играчите во машката и женската НБА

Шекил О'Нил незадоволен од големата разлика во платите меѓу играчите во машката и женската НБА
Лос Анџелес, 2 февруари 2022 (МИА) - Легендарниот центар Шекил О'Нил смета дека има преголема разлика меѓу платите на играчите во машката и женската НБА. - Во НБА-лигата, некои момци кои не вредат добиваат 40 милиони без причина. Во женската НБА платата на девојките е 700 илјади. Не е во ред. Треба да се направи нешто околу тоа, изјави О’Нил за „Essentially Sports“. Според Универзитетот Аделфи, постои голема разлика помеѓу просечните плати на играчите во НБА и ВНБА. Тие проценуваат дека машките кошаркарски ѕвезди заработуваат приближно 8,3 милиони долари, додека девојките заработуваат 75 181 долари. зс/

Остани поврзан