• четврток, 26 декември 2024

Шекеринска очекува широка поддршка за законот за отпремнина за професионалните војници

Шекеринска очекува широка поддршка за законот за отпремнина за професионалните војници
Скопје, 26 април 2021 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека во касараната во Велес со променетиот систем има конкурс на кој може да конкурираат сите млади, а првите три месеци се тест период во кој се гледа дали може да се снајдат во војничка атмосфера или не. Оние кои со успех ќе го завршат тој период, а што е некаков пандан на доброволно служење војска, истакна Шекеринска, веднаш продолжуваат со редовен работен однос. - Токму оваа прва генерација војници што стартуваше крајот на минатата година беше првиот тест на овој систем и се покажа одличен. Затоа во Велес, тоа беа први војници професионално ангажирани кои првиот тримесечен тест го служеа токму во Велес. Можноста за доброволно служење останува, но помал број малди се одлучуваат на доброволно служење бидејќи сега имаат подобра опција. Тие три месеци ги служат како тест период и притоа добиваат целосна плата, појасни Шекеринска, која заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ ги посетија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“. Шекеринска додаде дека на тој начин е постигнато за секое место како војник во Армијата да има по 10 кандидати. Најави дека во рамки на инвестирањето во Командатата за обука и доктрини, во текот на оваа година се планира заедно со големите реконструкции во Воената акадмија и во една од СЛужбите на МО и штипската касарна, Велес ќе биде еден од приоритетите затоа што е првата точка во која влегуваат првите војници. Министерката Шекеринска очекува во текот на оваа недела во Собранието да се даде поддршка во прво читање во однос на најавената отпремнина за професионалните војници и веднаш отоа да почне амандманската расправа. Штом Собранието го усвои законот, најави, ќе бидат подготвени оваа опција да им се понуди на сите професионални војници кои полнат 45 години. - Се додека тој закон не е усвоен, за жал, дел од професионалните војници кои заминуваат во други институции не можат да ја искористат таа опција. Меѓутоа според дискусиите во Собранието, не чув ниту еден аргумент против предлогот и очекувам широка поддршка, изјави Шекеринска. Со оваа промена, оцени Шекеринска, покажале оти грижата за Армијата е грижа на почетокот, во тек на кариерата и на крајот на кариерата на војниците. На барање на новинарите да направи споредба како ова прашање е решено во САД, амабсадорката на САД, Кејт Брнз  истакна дека не може да ги објасни разликите бидејќи двете држави имаат сосема различни системи. – Нашата Армија во САД е многу голема и ова прашање треба да го реши Владата на РС Македонија, рече Брнз. На прашањето во врска со неодамнешната акција на ДЕА и макеоднската полиција на Плетвар, амбасадорката Брнз истакна дека нема никаков коментар за активностите на полицијата и спроведувањето на законот тука. цр/сдр/  

Остани поврзан