• понеделник, 23 декември 2024

Шекеринска во Дебар: Гласајте за сигурни решенија, за луѓе и партии кои ги решаваат проблемите

Шекеринска во Дебар: Гласајте за сигурни решенија, за луѓе и партии кои ги решаваат проблемите
Дебар, 4 јули 2020 (МИА) - Како што можевме да станеме членка на НАТО јас ве уверувам дека овој тим, оваа група, оваа структура, и овие луѓе ќе ја внест државата и во ЕУ. Ќе станеме членка на ЕУ и Европа ќе ја донесме тука. Се можеме да постигнеме ако темелите ни бидат сигурни. А ќе бидат сигурни ако сигурни луѓе бидат на власт. Гласајте за сигурност,гласајте за сигурни решенија, за луѓе и партии кои ги решаваа проблемите.На 15 јули можеме и повеќе можеме и подобро, порача пред дебрани Радмила Шекеринска од вечерашната граѓанска трибина на коалицијата „Можеме“. Шекеринска која е носител на кандидатската листа на коалицијата за ИЕ 5 додаде дека е убедена во подршката на дебрани, зашто „вие никогаш не сте им ја дале поддршката бидејќи сте виделе какви луѓе се“. -Ама во Дебар не ни треба само победа. Во Дебар ни треба огромна победа. Во Дебар ни треба поддршка на оваа млада нова структура не само на СДСМ, туку и на Дебар и дебарско, да им дадеме шанса да кажат што знаат и умеат. Во Дебар и во петка треба да покажеме дека оваа држава може и подобро и повеќе ако продолжи на зацртаниот пат, посочи таа. Шекеринска зборуваше за поделбите кои ги нуди ДПМНЕ наспроти слогата и заедништвото кои ги нуди СДСМ. -Ни одржавте лекција тогаш кога некои се обидоа да го запалат национализмот низ цела држава, вие покажавте мудрост, разумност и гледање напред. Ни покажавте лекција и тогаш кога најтешката светска епидемија удри по нас, бевте први на удар, се покажавте најсилни, се покажавте најеснаф, се покажавте најсолидарни. За жал не ги научивме сите лекции одвреме навреме треба да се потсетуваме, меѓутоа Дебар е пример колку оваа наша држава може да биде посилна ако биде посплотена, може да биде посилна ако ги прифаќа сите и ако има срце отворено за сите, рече Шекеринска. Посочи дека во изминатите вие две ипол години „ставивме темел на модерна држава, можеме уште повеќе и подобро“. -Кога ќе видиме резултат на таа наша работа среќни сме. Тоа не исполнува. Ништо од тоа што се случи не ни падна од небо, ништо не ни го подарија, се измачивме својски. И како што порано сме викале ги жртвуваа своите животи за нешто да постигнат од некој навистина и тоа се бараше. Ама кога работиш со душа и срце и кога знаеш дека е тоа исправно ништо не е тешко. Овие 2,5 години реално удиравме темели на една подобра куќа на сите нас и знаете дека таа куќа не се гради ниту за една ниту за две години, ако не ставиме цврсти темели џабе ќе биде сето друго, рече таа. Ние, додаде, тие темели ги поставивме длабоко и ги направивме силни. -Тие темели се три, секој од нив подеднакво важен. Едно од нив е членството во НАТО за да не се плашиме, за да не ни пишуваат црни сценарија, за да не се секираме за граници, за иднина, за непријатели. Заедно сме со најмоќните во светот. Таа стабилност нема цена, нема алтернатива. Вториот темел кој го вградивме во нашата куќа се преговорите со ЕУ и немајте дилеми само ние тие темели можевме да ги ставиме, истакна Шекеринска. Таа зборуваше и за сработеното во изминатите две и полгодини и она што ќе биде сработено во следните четири години. -Во овие кратки две ипол години на власт од корен го сменивме лицето на нашта земја, отворивме 64.000 работни места, интензивно градиме, реконструираме, подобруваме, парите ги враќаме назад кај граѓаните. Нивни се, за нивниот живот. Предвидуваме 65 000 деца да ги обезбедиме со детска помош, 35.000 семејства да ги обезбедиме со дополнителна социјална поддршка и бидејќи ги зголемивме три пати социјалните помошти имаме денес образ да кажеме дека тоа можеме и повеќе и подобро да го направиме.Сакаме во следните четири години да изградиме 260 км автопат, 300 км експресни патишта и 950 км локални патишта за да стигнуваме побрзо, за да бидеме поповрзани, сакаме да инвестираме во екологија и во туризам и во економија, рече таа. Пред дебрани Шекеринска рече дека целата влада беше и е фокусирана на санирање на штетите кои произлегоа од корона кризата. -Во изминатиов период се трудевме парите да не седат во Скопје, да ги пуштиме меѓу граѓаните. Во екот на најголемата коронакриза само во овој период околу 10 милиони евра во регионов ги пуштивме и ги дадовме на фирми за да не отпуштаат вработени. Над 300.000 граѓани користат кредитни картички со кои можат да купат храна, текстил да ги платат основните работи единствениот услов е тоа да биде тоа наше домашно производство за да им помогнеме и на тие што купуваат и на тие што произведуваат, истакна Шекеринска. Пред дебрани се обратија и Јован Митревски и младиот дебранец Мирнес Абазовски кои се на кандидатската листа за истата изборна единица. вт/дма/

Остани поврзан