Шеесет и деветгодиша жена починала, а малолетник е пренесен во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода
- Шеесет и деветгодиша жена починала, а малолетник е пренесен во Ургентен центар, откако вчера паднале од зграда во Општина Кисела Вода.
Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Шеесет и деветгодиша жена починала, а малолетник е пренесен во Ургентен центар, откако вчера паднале од зграда во Општина Кисела Вода.
Како што соопштија од МВР, вчера во 19:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од зграда.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С.(69) од Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишен малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. дма/ев/
Фото: МИА архива