Швјонтек се пласира во финалето на Ролан Гарос
- Полската тенисерка Ига Швјонтек вечерва ја победи Бразилката Беатрис Хадад Маја во полуфиналето на Ролан Гарос со 6:2, 7:6 (9:7). Мечот траеше 2 часа и 10 минути.
Париз, 8 јуни 2023 (МИА) – Полската тенисерка Ига Швјонтек вечерва ја победи Бразилката Беатрис Хадад Маја во полуфиналето на Ролан Гарос со 6:2, 7:6 (9:7). Мечот траеше 2 часа и 10 минути.
Во текот на играта, првиот светски рекет во женскиот тенис сервира еден ас, направи четири двојни грешки и реализираше четири брејк топки од четири можности.
Хадад Маја имаше една двојна грешка и две од седум реализирани брејк топки.
Во финалето на Отвореното првенство на Франција, Швјонтек ќе се сретне со Чехинката Каролина Мухова, која ја совлада Белорусинката Арина Саболенка.
Вкупниот награден фонд на Грен слемот Ролан Гарос изнесува 49,6 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА