• петок, 05 декември 2025

Швјонтек експресно загуби од Гауф во полуфиналето на турнирот во Мадрид

Швјонтек експресно загуби од Гауф во полуфиналето на турнирот во Мадрид

Мадрид, 1 мај 2025 (МИА) – Полската тенисерка Ига Швјонтек загуби од Американката Коко Гауф во полуфиналето на турнирот ВТА 1000 во Мадрид со 1:6 и 1:6.

Натпреварот траеше 1 час и 6 минути. 

Гауф реализираше 5 од 7 брејк-топки во текот на мечот. Швјонтек имаше 3 двојни грешки и 1 ас.

Ова беше трета победа по ред за Американката против Швјонтек. 

Четвртиот рекет во светот се пласираше во финалето и ќе се соочи со победничката од натпреварот Арина Сабаленка (Белорусија) - Елина Свитолина (Украина).

Наградниот фонд на турнирот во Мадрид изнесува 8,9 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан